ФОТО+ВИДЕО | Обожавателите на Шакира ѝ испратија роденденска торта со ликот на Пике

Фото: Инстаграм/Шакира

Не само што беа љубовна двојка нешто повеќе од една деценија и имаат две заеднички деца, Шакира и Жерар Пике го слават роденденот на ист ден – 2 февруари.

Колумбиската пејачка вчера наполни 46 години, а шпанскиот фудбалер го прослави неговиот 36. роденден.


Шакира сподели неколку фотографии од роденденските торти кои ги добила од нејзините обожаватели и пријатели, меѓу кои и тортата чиј изглед е инсприран од последната песна на латино ѕвездата, посветена на Пике и неговата нова девојка Клара Чиа Марти, со која ја изневери Шакира.

Фото: Инстаграм/Шакира

Како потсетување, Шакира и Пике беа заедно од 2011 година и имаат две деца – деветгодишниот Милан и седумгодишниот Саша.

Веста за нивното разделување ја споделија во јуни годинава, со официјално соопштение објавено од нејзината агенција.

„За жал, потврдуваме дека нашите патишта се разделуваат. За доброто на нашите деца, кои се наш најголем приоритет, бараме да ја почитувате нашата приватност“, стоеше во нивното соопштение.

Неодамна повторно стана актуелно едно старо интервју на Пике од 2021 година, снимено во семејниот дом на фудбалерот и пејачката, а во позадината може да се види Марти.

Сосема разбирливо, Шакира тешко го доживеала сознанието дека Пике ја изневерувал со Марти уште во 2021 година, во период кога пејачката и шпанскиот фудбалер сѐ уште биле „среќни заедно“.

За да биде уште поболно, изневерувањето се случувало во нивниот семеен дом во Барселона, каде што познатата двојка живееше со двете деца.

„Шакира беше скршена кога сфати дека таа жена се чувствувала ‘како дома’ во куќата која таа и Пике ја делеа со нивните деца“, вели извор близок до пејачката за „Пејџ сикс“.

Повеќе на темата:

Шакира е скршена: Љубовницата на Пике им спиела во семејниот дом уште во 2021 година

Романтична прошетка на Пике и новата девојка, за која вели дека е „поразбирлива“ од Шакира

Шакира за разделбата со Пике: Ова е најмрачниот период од мојот живот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот