ФОТО+ВИДЕО | Шакира за разделбата со Пике: Ова е најмрачниот период од мојот живот

Шакира
Шакира на насловната страница на списанието „Ел“ / Фото: Инстаграм, „Ел“

Поп-пејачката Шакира е вистинска музичка икона кога станува збор за латино музиката. Еден од најзначајните моменти за нејзината музичка кариера е кога нејзината песна „Waka Waka“ беше прифатена за официјална песна на Светското првенство во фудбал во 2010 година. Но, тоа ѝ донесе среќа и на љубовен план – тогаш го запозна шпанскиот фудбалер Жерар Пике.

„Имав изгубено верба во тој период… Почнав да мислам дека нема Господ. И, одеднаш, го запознав Жерар и ми се чинеше ко ме огреа сонце“, раскажа убавата Колумбијка за „Ел“ во 2013 година.

Шакира и Жерар Пике во 2015 година / Фото EPA/Andreu Dalmau

Неколку години подоцна, нештата се многу поинакви за пејачката. Во своето најново интервју за „Ел“, таа вели дека ова ѝ е „најмрачниот период досега“.

„Многу ми е тешко да зборувам на оваа тема, особено бидејќи ова ми е првпат да зборувам за ситуацијата во некое интервју. Останав тивка и се обидов да испроцесирам сѐ. Да, тешко ми е да зборувам, особено поради тоа што сè уште поминувам низ тоа и поради тоа што сум јавна личност, па затоа нашата разделба не е вообичаена разделба.“

Фото: Инстаграм, „Ел“

„Беше навистина тешко, не само за мене, туку и за моите деца. Неверојатно тешко. Постојано имам папараци пред мојот дом. Освен кога остануваме дома, јас и моите деца немаме место каде што можеме да се сокриеме. Знаете, ние не можеме да прошетаме во парк како секое нормално семејство, или да одиме на сладолед, бидејќи папараците постојано нѐ следат.“

Фото: Инстаграм, „Ел“

„Се обидов да ја сокријам ситуацијата пред моите деца. Се обидувам да го направам тоа и да ги заштитам – тоа е мојата најважна мисија во животот. Но, тие ги дознаваат работите од нивните пријатели на училиште или ги читаат непријатните вести на интернет. Едноставно, тоа им влијае“, раскажа Шакира за „Ел“.

Фото: Инстаграм, „Ел“

„Понекогаш чувствувам како ова да е само лош сон и дека во еден момент ќе се разбудам. Ама не, ова е реално. Реална е разочараноста што гледам нешто толку свето и специјално, како што мислев дека е врската која ја имав со таткото на моите деца, се претвора во нешто вулгаризирано од медиумите. И сето тоа додека татко ми е на интензивна нега и јас се борам на различни фронтови. Како што реков, ова е најмрачниот период од мојот живот“, раскажа Шакира за „Ел“.

Како потсетување, Шакира и Пике беа заедно од 2011 година и имаат две деца – деветгодишниот Милан и седумгодишниот Саша.

Веста за нивното разделување ја споделија во јуни годинава, со официјално соопштение објавено од нејзината агенција.

„За жал, потврдуваме дека нашите патишта се разделуваат. За доброто на нашите деца, кои се наш најголем приоритет, бараме да ја почитувате нашата приватност“, стоеше во нивното соопштение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот