Шакира е скршена: Љубовницата на Пике им спиела во семејниот дом уште во 2021 година

Фото: Инстаграм/Шакира

Колумбиската пејачка Шакира е „скршена“ откако дознала дека сегашната девојка на нејзиниот поранешен партнер Жерар Пике, Клара Чиа Марти била присутна во нивниот дом уште пред две години, објави „Пејџ сикс“.

Имено, за време на едно онлајн-интервју на Пике од 2021 година, снимено во семејниот дом на Шакира и Пике, во позадината може да се види и Марти.

Сосема разбирливо, Шакира тешко го доживеала сознанието дека Пике ја изневерувал со Марти уште во 2021 година, во период кога пејачката и шпанскиот фудбалер сѐ уште биле „среќни заедно“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Shakira (@shakira)


За да биде уште поболно, изневерувањето се случувало во нивниот семеен дом во Барселона, каде што познатата двојка живееше со двете деца – деветгодишниот Милан и седумгодишниот Саша.

„Шакира беше скршена кога сфати дека таа жена се чувствувала ‘како дома’ во куќата која таа и Пике ја делеа со нивните деца“, вели извор близок до пејачката за „Пејџ сикс“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Shakira (@shakira)


Во моментот кога било снимено спорното интервју, Шакира била на патување со синовите.

„Сознанието дека таа афера траела подолго отколку што мислела е поразително за Шакира“, вели изворот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Shakira (@shakira)


Шакира и Пике беа заедно од 2011 година, а живееа заедно во Барселона цели осум години. Веста за нивното разделување ја споделија во јуни минатата година, со официјално соопштение објавено од нејзината агенција.

„За жал, потврдуваме дека нашите патишта се разделуваат. За доброто на нашите деца, кои се наш најголем приоритет, бараме да ја почитувате нашата приватност“, стоеше во нивното соопштение.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Shakira (@shakira)


Во нејзиното последно интервју за „Ел“, пејачката изјави дека ова ѝ е „најмрачниот период досега“.

„Многу ми е тешко да зборувам на оваа тема, особено бидејќи ова ми е првпат да зборувам за ситуацијата во некое интервју. Останав тивка и се обидов да испроцесирам сѐ. Да, тешко ми е да зборувам, особено поради тоа што сè уште поминувам низ тоа и поради тоа што сум јавна личност, па затоа нашата разделба не е вообичаена разделба“, сподели Шакира за „Ел“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Shakira (@shakira)


Шакира одлучи да сподели искрен текст на првиот ден од 2023 година, во кој зборува за исцелување, (скршена) доверба и емпатија.

„Дури и ако раните ни се сè уште отворени во оваа нова година, времето има хируршки раце.

Дури и ако некој нè повредил, мора да продолжиме да им веруваме на другите.

Кога сте соочени со презир, знајте ја вашата вредност.

Затоа што има повеќе добри отколку непристојни луѓе. Има повеќе луѓе со емпатија, отколку со рамнодушност.

Оние кои нè напуштаат се помалку од оние кои остануваат покрај нас.

Нашите солзи не се залудни, тие ја наводнуваат почвата од која ќе никне нашата иднина и нè прават почовечни, за да можеме да продолжиме да сакаме и покрај тоа што страдаме од скршено срце“, напиша пејачката на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Shakira (@shakira)

ФОТО | Романтична прошетка на Пике и новата девојка, за која вели дека е „поразбирлива“ од Шакира

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот