ВИДЕО | Роденденско изненадување: Фановите на Шакира се собраа пред нејзиниот дом

Колумбиската пејачка и текстописец Шакира вчера го прослави својот 46-ти роденден во својот дом со семејството и најблиските пријатели. По повод роденденот на популарната пејачка голем број обожаватели се собраа пред нејзината куќа пеејќи и роденденски песни.
View this post on Instagram
Шакира најпрво фановите ги поздравила од терасата на нејзината куќа и уживала додека ја гледала групата обожаватели како и пеат роденденски песни, по што пејачката решила да им се придружи да ги поздрави и да ги прегрне.
Shakira salió de su casa a agradecer a los fans q estaban fuera 😭😭❤️ pic.twitter.com/UMSQjY44le
— Shakira-Barranquilla (España)🤖 (@sweetycary) February 2, 2023
Таа не можела да ја тргне насмевката од лицето. Роденденската прослава завршила со убав огномет.
View this post on Instagram
На кратките видеа споделени на социјалните мрежи се гледа како пејачката расположена танцува со своите пријатели и гости.
ФОТО+ВИДЕО | Обожавателите на Шакира ѝ испратија роденденска торта со ликот на Пике
ФОТО | Романтична прошетка на Пике и новата девојка, за која вели дека е „поразбирлива“ од Шакира