ВИДЕО | Чао Пике: Шакира постави „вештерка“ на балконот кој гледа кон куќата на поранешната свекрва

Фото: Инстаграм/Шакира/Скриншот/Твитер

Се чини дека „војната“ меѓу колумбиската пејачка Шакира и нејзиниот поранешен партнер, шпанскиот фудбалер Жерар Пике не престанува, пишува „Дејли мејл“.

Имено, Шакира поставила „застрашувачка кукла во форма на вештерка“ на балконот од нејзиниот дом во Барселона, кој гледа кон куќата на нејзината поранешна свекрва Монсерат Бернабеу.

Пејачката во четвртокот објави нова песна во која отворено ги критикува Пике и неговата нова девојка Клара Чиа Марти, со која имал афера речиси две години и ја изневерувал Шакира.

„Ме остави како сосетка на свекрвата, со новинари пред вратата и со долгови во трезорот. Мислеше дека ме повреди, но јас се вратив посилна. Жените веќе не плачат, жените наплаќаат…

…Вредам како две 22-годишни. Смени Ферари за Твинго, смени Ролекс за Касио“, се дел од стиховите во новата песна на Шакира.

Пике ѝ одговори: „’Касио’ е мојот нов спонзор“

Но, и Пике не ѝ остана должен на Шакира и ѝ ја исмеа новата песна, која за само три дена успеа да собере 109 милиони прегледи на платформата Јутјуб.

Имено, за време на една емисија во рамки на неговата виртуелна лига „Кингс лиг“,  Пике иронично изјави дека има нова соработка со компанијата за часовници „Касио“, алудирајќи на стиховите од новата песна на Шакира.

„Имам големо известување. ‘Касио’ ни подари часовници и потпишавме договор со нив“, рече Пике.

„Се шегуваш, нели?“, го праша еден од гостите.

„Не, не – озбилен сум. На сите ни испратија по еден часовник“, му одговори шпанскиот фудбалер.

„И, зошто ѝ се придружи на ‘Касио’?“, праша друг соговорник.

„Поради песната на Шакира“, одговори поранешниот аргентински фудбалери Серхио Агуеро, по што сите во студиото се насмеаа.

Повеќе на темата:

Шакира е скршена: Љубовницата на Пике им спиела во семејниот дом уште во 2021 година

Романтична прошетка на Пике и новата девојка, за која вели дека е „поразбирлива“ од Шакира

Шакира за разделбата со Пике: Ова е најмрачниот период од мојот живот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот