Фото: Top Channel / print screen

Пијан возач уби две деца во Драч

При приведувањето, возачот изразил каење изјавувајќи дека не заслужува да живее по тоа што им го сторил на децата.

Тешка трагедија во албанскиот град Драч ја потресе јавноста, откако 57-годишен пијан возач прегази група деца додека играле на тротоар, објави „Вокс Албанија“.

Во кобниот настан на самото место загинале две деца на возраст од 10 и 13 години, едно 8-годишно дете е во критична состојба во болница во Тирана, додека четвртото дете од групата за среќа поминало без повреди.

Според сведоштвата на соседите, жртвите се блиски роднини, едното загинато и другото тешко повредено дете се браќа, додека, пак, втората жртва им е братучед чии родители моментално се наоѓаат во Италија поради лекување.

По несреќата, сторителот го оставил автомобилот и побегнал, но набрзо бил лоциран и уапсен од полицијата. Мештаните тврдат дека тој и претходно бил познат по проблематично возење и консумација на алкохол. При приведувањето, тој изразил каење изјавувајќи дека не заслужува да живее по тоа што им го сторил на децата.

Овој настан предизвика силни реакции кај албанскиот државен врв. Премиерот Еди Рама, покрај изразеното сочувство, упати и строг апел до медиумите да покажат етичност и новинарска одговорност, нагласувајќи дека објавувањето на вознемирувачки снимки од несреќата не е информирање, туку само непотребно ја зголемува болката на ужалените семејства.

Млад скопјанец починал на гости кај другар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот