Бране Петрушевски Фото: партија

Петрушевски: Синдикалните членарини не смеат да служат за скапи патувања

Работниците во Македонија заслужуваат чесно, одговорно и транспарентно синдикално претставување, а не раководства кои од нивните членарини организираат скапи патувања и луксузни спортски настани надвор од Македонија, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.

Деаноски со 60.000 евра, пари на синдикалците, организирал четиридневни спортски игри во Чањ, Црна Гора, и со него повел привилигирани членови на синдикатот кои се членови и на СДС. И затоа, наместо да шири празни флоскули и демагогии, треба да каже дали се точни информациите кои ги добивме од свиркачи во Синдикатот, дека на спортските игри предност имале да одат оние кои заедно со него и Трендафилов протестираа, а воедно се членови на СДС? – истакна пратеникот Бране Петрушевски на денешната прес конференција.

Според него, наместо УПОЗ и ССМ да бидат целосно посветени на заштита на работниците, нивното раководство предводено од Деаноски и Трендафилов, се повеќе покажува дека го губи компасот и дека се оддалечува од базата, од членството и од реалните потреби на народот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот