ВИДЕО | Петровска: Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство беше фатен со мито во подземни гаражи кои водат до станот на Трипуновски
Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска рече дека локацијата каде што беше уапсен директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев е истата адреса каде што живее министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски.
Препорачано
На денешната седница за пратенички прашања, Петровска извади фотографии, според кои директорот бил уапсен на подземниот паркинг во Џевахир, каде стан според неа, имал и министерот за земјоделство Цветан Трипуновски.
„Локацијата на апсењето на директорот е во подземна гаража од каде се оди кон станот на Цветан Трипуновски. Моето јасно прашање до вас е дали вие или некој друг свесно и намерно во МВР ја прекина операцијата односно го уапси директорот пред тој да ги достави парите до министерот за земјоделство. И брат да е, ќе одговара, рековте вие“, го праша Петровска министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
Петровска кажа дека тој податок околу локацијата на апсење никогаш не бил објавен и го праша министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, дали директорот имал намера да му ги однесе парите на министерот и дали поради тоа бил уапсен на паркингот пред да отиде кај министерот?
„Го уапсивте само директорот, а не и крајниот корисник на тие средства“, рече Петровска.
Притворениот директор на Државниот инспекторат за земјоделие, Васе Анакиев, беше фатен со 50 илјади евра кои наводно ги барал како поткуп за да издаде согласност за влез на камион со земјоделска стока. Министерот Тошковски тогаш изјави дека „за рекетирање, посебно кога функционери се фатени на дело, ќе има строга истрага и одговорност“.
Тошковски: Анакиев е фатен на дело со обележани пари – Слободен печат
Тошковски откри дека Анакиев бил фатен на самото место каде што ги примил парите, кои претходно биле обележани.


