Илустрација / Фото: Pexels / Waldemar

Петок 13-ти им донесе среќа на 77 Белгијци кои имаа заедничка уплата на лото, поделија добивкa од 3 милиони евра

Главната награда од три милиони евра беше извлечена на белгиската национална лотарија, а ја доби група од 77 жители на градот Борнем, кои направиле заедничка уплата, така што секој од нив освои 39.000 евра, пренесуваат белгиските медиуми.

Откако било објавено дека „џекпотот“ ќе биде толку голема сума, мештаните кои купуваат билети во локалната продавница за весници „Летертрап“ се согласиле да ги здружат силите и формирале група во која секој плати по 15 евра.

Сопственикот на „Летертрап“, Џоел Вербек, рекол дека игра лото веќе 20 години, но досега никогаш не ја освоил главната награда.

Извлекувањето се одржало во петокот навечер, а Џоел дознал во саботата наутро дека нивната група имала шест точни погодувања.

– Многу сум среќен што 77 од нас ја освоија главната награда од над три милиони евра. Не можам да верувам. Ова значи дека секој од нас ќе добие 39.271 евра – рекол тој.

Тој не сакал да го открие идентитетот на учесниците, иако мештаните се љубопитни и сакаат да знаат кој ја освоил наградата. Тој веднаш ги информирал сите добитници, додавајќи дека е најзадоволен од фактот што усреќил 77 луѓе.

– Еден од добитниците ми рече дека ќе ги подели сите пари на своите деца и внуци, но дека ќе задржи нешто малку за себе – рекол Џоел.

– Петок, 13 март, сигурно ќе биде ден што никогаш нема да се заборави на Борнем – додал Џоел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот