Петлите се препознаваат во огледало: Научниците открија неверојатна способност на овие животни

Фото: Пекселс/pixabay

Петлите имаат способност да се препознаваат во огледало, откри тим од невронаучници и психолози од Институтот за земјоделско инженерство на Универзитетот во Бон и Институтот за когнитивна невронаука на Универзитетот во Бохум, Германија, пренесува „Саенс дејли“.

Студијата беше објавена во списанието „Плос уан“ (Plos One), каде што тимот детално ги опиша експериментите со петлите.
Претходните истражувања сугерираа дека многу малку животински видови, како што се страчките, некои примати, слонови и делфини, имаат тип на самосвест позната како самопрепознавање, каде што можат да видат и разберат дека сликата во огледалото е одраз на самите себе, а не од друг член од нивниот вид.

Биле направени неколку експерименти за да се утврди самопрепознавање, вклучително и дали животното реагира на белег на лицето или телото откако ќе го види во огледало. Истражувачкиот тим забележал дека многу животни немаат раце или прсти за да реагираат на знак на нивното тело доколку го видат во огледало, па смислиле нов начин да го тестираат на петли.

Претходните истражувања покажаа дека петлите пеат не само кога изгрева сонцето, туку и кога шпионираат предатор. Кога се сами и никој не им пречи, имаат навика да молчат. Тоа знаење научниците го искористиле за време на тестот.

Експериментот вклучувал поставување на еден петел во мала арена поделена на половина со жичана мрежа. Од другата страна на мрежата биле поставени други петли или просторот бил оставен празен. За некои тестови било поставено огледало што го спречувало петелот од едната страна да го види другиот петел, а за некои била искористена силуета на сокол на таванот.

Со набљудување и снимање на однесувањето на петлите, истражувачите заклучиле дека тој пее кога знае дека друг петел е од другата страна на жицата, и тоа го прави без разлика дали огледалото му го блокира погледот или не. Сето тоа е знак дека петелот не мислел дека неговиот одраз во огледалото е друг петел. Исто така, ова значи дека петлите одредуваат дали нешто е реално или не врз основа на видот, а не звукот или мирисот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот