Петар Грашо со настап во Струмица: Дали пејачот ќе дојде со новата девојка?

Фото: Принтскрин / Instagram

Познатиот хрватски пејач и текстописец Петар Грашо ќе настапи пред македонската публика на 3 декември во Струмица. Настапот ќе биде комбинација на добра музика и храна во еден познат ресторан, а обожавателите на Грашо ќе можат да уживаат во неговата музика во малку поинтимна атмосфера .

Придружено со комплетно мени за храна, предјадење, главно јадење, десерт и пијалаци, цената за ова уживање се движи од 2500 до 3000 денари, а за ВИП гостите и најголемите фанови посебни места и секако цена од 3500 денари по лице.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Petar Grašo (@petargrasoofficial)


Грашо и неговата поранешна долгогодишна партнерка, пејачката Данијела Мартиновиќ сè уште ги полнат страниците на магазините и порталите по официјалното објавување дека по 24 годишна врска повеќе не се заедно.

На почетокот на мај, одекна веста за раскинувањето на 24-годишната врска помеѓу хрватските пејачи Данијела Мартиновиќ (50) и Петар Грашо (45), што тогаш ги шокираше бројните пријатели, семејството и колегите.

– Вистина е дека Данијела и Петар живееја на одделни адреси во последните месеци, како поради деловни проекти, така и поради одредени лични причини,  изјавила тогаш менаџерката на Грашо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by RTL Show (@rtl.show)


Потоа одекна веста дека Грашо има нова љубов, а тоа е ќерката на хрватскиот музичар Тончи Хуљиќ, Хана, која е 14 години помлада од Грашо, а на социјалните мрежи се појавија и многу фотографии од новиот пар.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hana Who (@hana.huljic)


Хана го придружува пејачот на повеќето настапи…

Целиот текст и коментарите проследете ги ТУКА.
Извор: Еспресо.мк

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот