Пет причини зошто треба да јадете по една рака ореви секој ден
Оревот е чудотворен плод на големо листопадно дрво кое достигнува висина од 35 метри, а кое е богато со многу вредни хранливи материи.
Препорачано
Во 100 грама обичен орев има околу 650 калории, од кои 65 грама масти, 15 грама протеини и околу 14 грама јаглехидрати. Исто така, има најмногу омега 3 масни киселини од сите јаткасти плодови и е добар извор на витамини Е и Б комплекс, како и магнезиум, железо, селен, калциум и цинк.
Зошто е добро да се јадат јаткасти плодови?
- Оревите се богати со антиоксиданси, кои ги неутрализираат штетните ефекти на слободните радикали во телото и го намалуваат воспалението. Воспалителните процеси може да доведат до болести на срцето и крвните садови, како и до рак.
- Истражувањето од 2022 година покажа дека умерената дневна консумација на ореви може да го намали нивото на ЛДЛ или таканаречениот лош холестерол во телото на луѓето од третото доба.
- Редовното консумирање на умерени количини на ореви го балансира шеќерот во крвта и го намалува ризикот од дијабетес тип 2.
- Додавањето ореви во здрава исхрана може да го забави процесот на стареење на мозокот и да го намали ризикот од невродегенеративни болести.
- Оревите придонесуваат и за здравјето на дигестивниот систем.
Оревите се богати со здрави масти кои прават чуда за човечкото тело, но лекарите сепак предупредуваат дека треба да се консумираат умерено. Често ќе слушнеме дека се препорачува да се јаде една шака ореви на ден – тоа е всушност 30 до 40 грама.
Јадете ги сурови како ужина, додадете ги во овесна каша или во сад за смути. Можете да ги додадете во салати и да им дадете дополнителна доза на крцкање. Сомелете ги и употребете ги наместо презла, или измешајте ги со билки за да добиете вкусен песто сос за тестенини, рижото и пици.


