Пет намирници кои можат да помогнат во намалување на целулитот

Фото: Профимедиа

Денешниот пазар е полн со суплементи, лосиони и други производи за кожа, за кои се тврди дека го намалуваат целулитот, но доаѓаат со минимални докази за нивната делотворност.

Овие производи може привремено да го затегнат горниот слој на кожата, но малку помагаат во решавањето на основниот проблем под кожата. Наместо тоа, се чини дека фокусирањето на здравите навики поврзани со тежината, исхраната, внесот на течности и соодветна физичка активност пружа поголема поддршка во контролата за присуство на целулитот на долги патеки.

Дополнителната тежина може да го направи целулитот повидлив. Ова значи намалување на калориите онаму каде што има смисла во индивидуалниот животен стил, како што е дозирање на оброците, помалку додадено масло или помала количина шеќери во исхраната. Тоа може да значи и подобрување на рутината за вежбање со кардиоваскуларни активности и тренинг за отпорност.

Следат пет намирници коишто може да помогнат во намалување на целулитот.

Боровинки

Јадењето овошје воопшто, како и зеленчукот, постојано се поврзуваат со посакуваната помала телесна тежина. Боровинките, меѓу другото, ја намалуваат и опасноста од хронични болести како што е високиот крвен притисок, објави „Европскиот журнал за нутриција“ (European Journal of Nutrition).

Леќа

Леќата и другите мешунки како што се грав, сланутак или грашок, се одлични извори на влакна. Исто така, утврдено е дека поттикнување и губење на тежината за луѓето кои редовно ги консумираат, што е истражено во овој систематски преглед на американскиот „Журнал за клиничка нутриција“ (American Journal of Clinical Nutrition).

Круши

Крушите се едно од овошјата со најмногу растителни влакна, со околу шест грама во средна овошка. Крушата особено се препорачува исечкана па натопена во путер од кикиритки или измешана во овесна каша.

Печурки

Печурките се „месото“ во растителното царство. Со својот богат вкус, печурките се комбинираат во јадења со месо, обично со пилешко или говедско месо, за да го продолжат вкусот и хранливоста. Печурките се идеални ако сакате да бидете сите, а да внесете помал број калории.

Банани

Најчесто важат за извор на калиум – минерал поврзан со контролата на отекувањата, бидејќи има обратна врска со натриумот. Задржувањето течности поради високиот внос на сол во исхраната може да доведе до отоци коишто водат до појава на целулит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот