Пет болести за кои сте мислеле дека се заразни, а не се
Ако со сигурност не знаете од која болест некој боледува, а не сте од медицинската струка тешко дека ќе знаете дали неговата состојба е заразна или не. Видливите симптоми на заразните болести, понекогаш може да бидат идентични со болестите кои не се заразни, а начинот на која болеста се пренесува главно се разликува од болест до болест.
Препорачано
Помеѓу причината на инфекцијата и нејзината заразност нема ниту една поврзаност, бидејќи постојат бактериски болести кои се заразни и оние кои не се, а слично важи и за голем број вируси.
Тука се и состојбите кои може да се развијат поради лошо функционирање на имунолошкиот систем на личноста или надворешните фактори. Од сѐ произлегува дека секогаш добро е да се преземат мерки на претпазливост – редовното миење на рацете и вакцинирањето кога е тоа можно се добра одлука.
Воспаление на белите дробови
Дали воспалението на белите дробови е заразно или не, зависи од тоа што го предизвикало. Два вида на воспаление на белите дробови кои не можат да се пренесат од човек на човек се габично воспаление на белите дробови кое се добива од околината и аспирациска пневмонија, која се јавува кога храна или течност ќе се вдишат во белите дробови. Од друга страна, бактериското и вирусното воспаление на белите дробови – на кои отпаѓа поголемиот број случаи на воспаление на белите дробови – навистина се заразни, иако не на начин на кои веројатно мислите дека би можеле да се заразите.
Микроорганизмите кои ги предизвикуваат овие видови на воспаление на белите дробови може да се пренесат од личност на личност, но нема автоматски да предизвикаат воспаление на белите дробови. На пример, некои бактерии ќе се настанат само во горните дишни патишта, додека грипот, кој кај некои може да предизвика воспаление на белите дробови, кај други ќе предизвика бронхитис.
Псоријаза
Ова нарушување на кожата кое погодува околу два отсто од популацијата нема никаква врска со бактерии. Псоријазата е автоимуна болест при која имунолошкиот систем на организмот ја напаѓа сопствената кожа. Таа состојба не е предизвикана од микроорганизмот кој се пренесува меѓу луѓето. Симптомите вклучуваат црвени наслаги на кожата кои на врвот се прекриени со бели или сребреникави лушпи, кои често се наоѓаат на лактите, колената и темето на главата, а се јавуваат кога телото прекумерно создава нови клетки на кожата.
Розацеа
Оваа состојба предизвикува црвенило на кожата и видливи крвни садови на лицето, а понекогаш и мали испакнувања исполнети со гној. Понекогаш, розацеата исто така може да доведе до задебелување на кожата на носот. Додека стручњаците не се сигурни што ја предизвикува оваа состојба, претпоставуваат дека е во прашање генетиката, абнормалности на крвните садови на лицето, а улога може да игра и бактеријата Хеликобактер пилори. Антибиотиците што се користат за лекување на розацеата може да бидат ефикасни, бидејќи помагаат во борбата против воспалението, а не затоа што ги убиваат бактериите.
Бронхитис
Слично како и кај воспалението на белите дробови, некои облици на бронхитисот се заразни, а некои не: зависно од тоа што предизвикува воспаление на бронхиите и последичното кашлање, како и општите тешкотии со дишењето. Акутниот бронхитис, кој обично настанува како последица на инфекции на горните дишни патишта до градниот кош, често е предизвикан од вирус и е заразен. Стотици вируси, како и некои бактерии, може потенцијално да доведат до бронхитис, а заразата следи откако ќе доспее во ткивото на слузницата низ очите, носот или устата. Хроничниот бронхитис не е заразен. Оваа состојба често е предизвикана од долготрајно пушење или изложување на загадувачите и алергените од животната средина.
Инфекции на уринарниот тракт
Иако инфекциите на уринарниот тракт често се јавуваат по сексот, тие не се пренесуваат по сексуален пат нути се заразни на кој било друг начин. Наместо тоа, се појавуваат кога бактериите, често од анусот, влегуваат во мочната цевка (уретрата).
Сексуалниот однос може да го олесни ова ширење, но тоа е преку физички контакт кој помага во контаминација на уретрата, а не инфекцијата која се шири од еден партнер на друг, објаснуваат лекарите.


