Пепи Горгиев е првото зимско засилување за Академија Пандев

георгиев
Пепи Георгиев ќе го носи дресот на „пандевци“: Фото: facebook.com/fkakademijapandev

И фудбалскиот клуб Академија Пандев е активен на трансфер пазарот, пред јавноста го промовираше своето прво засилување оваа зима.

Пепи Горгиев ќе ги брани боите на Академија Пандев, овој напаѓач има 27 години и доаѓа од редовите на албанскиот шампион, ФК Теута.

Претходно во својата професионална кариера има настапувано за екипите на Кожуф, Беласица, Силекс и Брегалница.

– Добредојде Пепи и ти посакуваме многу голови во дресот на Академија Пандев – информираат од клубот.

Моментно во Првата македонска лига „пандевци“ се наоѓаат на второто место со 35 бодови, седум помалку зад водечкиот Шкупи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот