Пепелта од легендарниот Шон Конери ќе се врати во неговата родна земја – Шкотска!

Шон Конери во 2005 / Фото: EPA-EFE/MARCUS BRANDT GERMANY OUT

Легендарниот актер Шон Конери, првиот Џејмс Бонд, почина на 31 октомври во 90-та година од животот во семејната куќа на Бахамите. Неговата вдовица Мишелин (91) изјави дека неговата пепел ќе се растури во неговата родна земја Шкотска.

– Ќе го вратиме Шон во Шкотска – тоа беше неговата последна желба. Тој сакаше неговата пепел да се растури на Бахамите и во неговата родна земја – изјави Мишелин за „Scottish Mail on Sunday”.

Сопругата на починатиот Бонд изјави дека неговата последна желба ќе ја спроведе во дело кога тоа ќе и биде овозможено, бидејќи во моментов тоа е невозможно поради пандемијата на коронавирусот.

– Кога ќе биде можно и безбедно да патуваме повторно, тогаш намерата на семејството е да се врати со него во Шкотска – рече Мишелин, која беше во брак со Шон 45 години.

Фото: Инстаграм

– Ние би сакале да организираме комеморација за него во Шкотска – тоа е нашата надеж. Но, не можеме да кажеме кога точно тоа ќе се случи тоа – изјави таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот