Никола Мемов / Фото: Влада на РСМ

Пензискиот систем не може да колабира, уверува Мемов: „Пензиите ги гарантира државата односно Владата“

„Граѓаните да бидат сигурни, пензискиот систем никојпат не може да колабира бидејќи исплатата на пензиите ја гарантира државата односно Владата. Ова го истакна директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ), Никола Мемов, во гостувањетоа на „Телма“ синоќа.

Тој посочи дека сите евентуални недостатоци на средства во Фондот се покриваат директно од државниот буџет, согласно законот.

„Така што, граѓаните треба да бидат стабилни, смирени и сигурни дека пензии ќе се исплаќаат во една држава, односно во Република Македонија, сѐ додека постои државата“, нагласи Мемов.

За соодносот на бројот на вработени и пенизонери, што е од клучно значење за прибирање на доволно средства за да може да функционира системот, Мемов рече дека сега тој е 1,64 вработени на еден пензионер. Тој додаде дека соодносот, на пример, во 2016 изнесувал 1,86, а од 2019 година континуирано се намалува.

Запрашан за тоа колку средства одвојува државата за трансфери кон Фондот, Мемов рече дека во 2024, 2025 и во оваа 2026 трансферите се зголемуваат, имајќи го предвид скалестото зголемување, односно усогласувањето на пензиите.

„Граѓаните знаат дека за една и пол година, односно од септември 2024 до први април 2026 година пензиите се зголемени за 7 000 денари секој месец, номинално во вкупниот износ е повеќе за 36 проценти. Просечната пензија за година и пол е покачена за скоро 40 проценти, а минималната пензија е покачена за 68 проценти, од 13 200 денари на 20 888 денари“, рече Мемов и додаде дека од септември повторно ќе се применува швајцарскиот модел на усогласување на пензиите.

Населението старее, негата е тешко достапна, а пензискиот систем — неодржлив

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот