Фото: https://korcaplus1.weebly.com/

Пензионерите во Албанија добиваат новогодишен бонус – поголем од овдешниот и не е линеарен

Во Албанија почна исплатата на новогодишниот бонус за пензионерите, соопшти министерката за економија и иновации, Делина Ибрахимај, според албанските медиуми.

Пензионерите со месечни примања под 200 евра ќе добијат повеќе пари од државата.

„Од денеска почна исплатата на новогодишниот бонус во износ од 100, односно 150 евра. Овој бонус е заслужена поддршка за над 760 илјади корисници. Од нив 541 илјада пензионери, кои примаат до 200 евра месечно, ќе имаат корист од бонус од по 150 евра, додека 221 илјада пензионери кои примаат над 200 евра ќе добијат бонус од 100 евра“, напиша Ибрахимај.

За таа намена владата издвоила средства во износ од 97 милиони евра.

Лани пензионерите во Албанија добија новогодишен бонус со идентични износи, а пролетта им беше исплатен уште еден бонус од 50, односно 100 евра.

Уставен суд: Нема да решаваме за линеарните зголемувања на пензиите по 2.500 денари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот