Пендаровски и Заев летале со редовни линии бидејќи морале, авионот им бил на сервис

Претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев летаа со редовни авионски линии бидејќи владиниот авион е на сервис, потврдиле од Службата за општи и заеднички работи на Владата за СДК.мк од каде рекле дека авионот „лирџет 60“ е на редовен сервис во Нирнберг, Германија.

– Не станува збор за никаков дефект, туку редовен сервис. Авионот треба да биде сервисиран и вратен во земјава другата недела – изјавил директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата Пеце Мирчески за СДК.мк.

Пендаровски на 11 јуни замина во Брисел со редовна авионска линија со преседнување во Љубљана, а Заев во саботата од Виена се врати со комерцијален лет. И двајцата на социјалните мрежи објавија фотографии со кои се пофалија дека можат да бидат обични патници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот