Пелистер со победа над Спарс го заврши настапот во АБА2 литата

Пелистер со победа се збогува од АБА2 лигата/фото: druga.aba-liga.com/Dragana Stjepanovic

Кошаркарите на Пелистер со триумф над Спарс со 97:90 го завршија дебитатнсткиот настап во АБА лигата. Битолчани настапот во регионалното натпреварување го завршија со скор од четири победи и девет порази и останаа без шанси за настап во плеј-офот.

Покрај Спарс, Пелистер во деби настапот во АБА2 лигата славеше и над Сутјеска (93:73) во второто коло, над Младост (99:83) во осмото коло и над Осијек (97:78) во 11 коло.

Битолчани во првата четвртина направија предност од шест поени (16:10,18:12,20:14) во противникот до крајот на првиот дел успеа да фати резултатски приклучот (29:27). Втората четвртина помина во израмена игра во која во најголем дел се играше поен за поен и на одмор се замина со предност од три поени на Пелистер, 54:51.

Второто полувреме започна со мини серија од 4:0 „пелистерци“, и во 24 минута Пелистер за прв пат дојде до двоцифрена предност (65:55) и до крајот на натпреварот рутински ја одржуваа предноста и конечен триумф од 97:90 и победнички крај на настапите во АБА лигата.

Најдобри во редовите на Пелистер беа Игор Кесар со 24 постигнсти поени, а еден помалку даде Никола Малешевиќ, додека во редовите на Спарс се истакна Реми Абел со 28 поени.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот