си џипинг реизбран EPA-EFE/MARK R. CRISTINO EPA-EFE/MARK R. CRISTINO

Пекинг со мировна иницијатива: четири точки за стабилизација на Блискиот Исток

Кинескиот претседател Си Џинпинг предложи предлог од четири точки за постигнување мир и стабилност на Блискиот Исток, објавија кинеските државни медиуми.

Предлогот вклучува почитување на принципот на мирен соживот, почитување на националниот суверенитет, почитување на меѓународното право и хармонизирање на развојот и безбедноста, според новинската агенција Синхуа, пренесува Нова.рс.

Си го презентираше овој предлог за време на состанокот во Пекинг со еден од клучните политички актери од Обединетите Арапски Емирати, престолонаследникот на Абу Даби, шеикот Халед бин Мохамед бин Зајед Ал Нахјан.

Како војната со Иран влијаеше врз Кина?

Војната меѓу САД и Израел против Иран имаше индиректни последици за Кина. Извозот значително се забави во споредба со претходните два месеци, првенствено поради растечката неизвесност, како и влијанието на конфликтот врз цените на енергијата и глобалната побарувачка.

Кина и Шпанија во заедничка мисија за глобален мир

Сепак, некои економисти веруваат дека Кина успеала да се заштити од најлошите последици од војната. Тие велат дека големите резерви на нафта и диверзифицираните извори на енергија го ублажуваат ударот од конфликтот.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, треба да се сретне со Си во Пекинг следниот месец, откако состанокот беше одложен поради војната со Иран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот