Педри со трофејот за најдобар млад фудбалер во 2021 година

Му предвидуваат голема фудбалска иднина на Педри/Париз, Франција/29 ноември 2021/Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Фудбалерот на Барселона, Педри вечерва на свечена церемонија во Париз беше избран за најдобар млад играч во 2021 година.

Педри го освои трофејот „Копа“, кој му беше доделен во француската престолнина, каде вечерва воедно ќе се дознае освојувачот на „Златната топка“.

Во конкуренцијата за ова признание беа уште Џуд Белингем, Џамал Мусијала, Нуно Мендеш, Мејсон Гринвуд, Букајо Сака, Флоријан Вриц, Рајан Гравенберх, Џереми Доку и Џовани Реина.

Исто така Педри минатата седмица победи и во изборот на „Тутоспорт“ за наградата „Златно момче“ („Golden Boy“).

Педри кој има 19 години ја игра втората сезона во дресот на Барса, а пред да се пресели на „Камп Ноу“ ги бранеше боите на Лас Палмас.

Левандовски ја освои наградата за најдобар напаѓач на светот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот