Фото: Инфомакс

Пецаков вели дека случајно се сретнал и седнал со Црвенковски во полниот ресторан

Охридскиот градоначалник, Кирил Пецаков, денеска за „Вечер“ изјави дека средбата со Бранко Црвенковски не била однапред планирана.

„Се работи за случајна средба во полн угостителски објект. Ништо друго“, изјавил Пецаков на прашањето за карактерот на средбата.

Вчера беше објавена фотографија на која поранешниот македонски претседател, премиер и лидер на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Бранко Црвенковски, седи на иста маса со актуелниот градоначалник на Охрид, Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ и со Сашо Донев, пратеник од владејачката партија.

ФОТО: Бранко Црвенковски во интересно друштво на маса во охридски ресторан

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот