Распукан асфалт на патот кон Теферич / Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

Патот кон Теферич е затворен за сообраќај, откако новиот асфалт распука по само пет месеци

Откако вчера патот кон Теферич пропадна и делови од асфалтот се распукаа, денеска градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, информираше дека оваа сообраќајница повторно ќе биде затворена за сообраќај.

ГАЛЕРИЈА | „Реновираниот“ асфалт кај Теферич

„По денешниот повторен увид на терен со градоначалникот на Општина Сопиште, Јане Мицевски, и извршените стручни анализи, во координација со сите релевантни институции, донесена е одлука за итно затворање на овој патен правец. Ја информираме јавноста дека интензивно се работи на изнаоѓање на најбрзото и најбезбедното техничко решение за трајна санација на оштетувањето. Апелираме до сите граѓани доследно да ја почитуваат поставената сигнализација и да ги користат алтернативните патни правци сè до целосно отстранување на дефектот“, напиша Стаменкоска Трајкоска.

Градоначалничката додаде дека службите се „посветени на изнаоѓање на најбрзо и сигурно решение за враќање на патот во нормална функција“, фраза која жителите на Кисела Вода и Сопиште ја слушаат изминатите десет години, земајќи предвид дека Општината овој пат многупати го обновуваше и затвораше, а тој денеска повторно се распука и предизвикува опасност за граѓаните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот