Фото: EPA/ANDREJ CUKIC

Партизан ќе игра против Макаби Тел Авив во Минхен

Кошаркарите на Партизан ќе играат во Минхен, Германија, како домаќини против Макаби Тел Авив, во натпревар од 24 коло од Евролигата, објави денеска српскиот клуб.

По гостувањето против Баерн на 20 јануари, белградските „црно-бели“ ќе останат во Минхен и ќе се подготвуваат за дуелот против израелската екипа на 23 јануари во БМВ Парк.

Поради Европското првенство во ватерполо и чии натпревари се играат овој период во Белградската Арена, Партизан беше принуден да бара сала во која ќе го пречека Макаби, а синоќа играа како домаќини против грчкиот Олимпијакос во белградската сала „Александар Николиќ“.

Партизан моментно е на последната 20 позиција на евролигашката табела со учинок 6-16.

Макаби Тел Авив е на 14 место со биланс од осум победи и 13 порази.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот