Парондо го има победничкиот „рецепт“ против Барса!
Тренерот на Вардар, Роберто Гарсија Парондо, во интервјуто за Европската ракометна федерација ги сподели очекувањата во пресрет на полуфиналниот меч од Ф4 во Келн против Барселона.
Во текот на групната фаза, Вардар двапати загуби од Барса, запрашан што треба да направат „црвено-црните“ за триумф над каталонскиот гигант, тој одговори:
El Barça Lassa se medirá al Vardar Skopje macedonio en una semifinal de la final four de la Liga de Campeones de balonmano que se disputará los días 1 y 2 de junio en Colonia (Alemania), donde el Veszprem húngaro y el Kielce polaco protagonizarán la otra semifinal. pic.twitter.com/arTHIeloT5
— Resistencia Blaugrana ( Cta. OFICIAL ) (@BlaugranaCta) May 7, 2019
– Мораме да играме добро во нападот и одбраната од почетокот до самиот крај, ако сакаме да победиме. Мислам дека сега сме подобри во однос на претходните мечеви против Барса во групната фаза. Се надевам дека слични перформанси ќе покажеме и во Келн – рече Парондо.
За стратегот на македонскиот шампион нема фаворити на завршниот турнир, сите имаат шанси да дојдат до трофејот: Барселона, Вардар, Келце и Веспрем.
Уште еднаш потврди дека нашата земја, ракометните и спортски фанови заслужуваат одличен Вардар и во наредните години.