Фото: EPA/LUCA ZENNARO

Папата посети еден од најлошите затвори во светот во Екваторска Гвинеја: „Затворениците живеат во загрижувачки услови“

Папата Лав го критикуваше третманот на затворениците во Екваторска Гвинеја, пред посетата на затвор светски познат по своите лоши услови, пренесе Би-би-си.

Тој ѝ се обрати на централноафриканската држава на миса што собра околу 100.000 луѓе, вклучувајќи го и Теодоро Обијанг Нгема Мбасого, лидерот на земјата и најдолговечниот претседател во светот.

 „Моите мисли се со најсиромашните, со семејствата кои се соочуваат со тешкотии и со затворениците кои често се принудени да живеат во загрижувачки хигиенски и санитарни услови“, рече Папата.

Нафтено богата Екваторска Гвинеја, земја со лошо досие за човекови права и големи нееднаквости во приходите, е последната станица на папата на четиринационалната турнеја низ Африка.

Денеска, неговиот последен целосен ден од турнејата, Папата Лав требаше да посети озлогласен затвор во економската престолнина Бата.

„Амнести Интернешнел“ соопшти дека затворениците во затворот во Бата „наводно редовно се тепани како казна“.

Бројни затвореници „ниту биле видени ниту слушнати, а нивните роднини не знаат дали се живи или мртви“, додаде организацијата за човекови права.

За време на денешната средб во Базиликата во градот Монгомо, Папата Лав ги повика жителите на Екваторска Гвинеја „да му служат на општото добро наместо на приватните интереси, премостувајќи го јазот меѓу привилегираните и обесправените“.

Тој исто така повика ресурсите на земјата да се користат за подобрување на животот на поширокото население, а не само на привилегираното малцинство.

„Создателот ве дарувал со големо природно богатство. Ве повикувам да работите заедно за тоа да биде благослов за сите“, рече тој, предупредувајќи дека иднината на земјата зависи од изборите на народот.

Владата на Обијанг исто така е обвинувана за корупција и за пренасочување на приходите од нафта во корист на елитата, што таа го негира.

Синот на претседателот, кој служи како потпретседател, беше казнет од француски суд во 2020 година за користење јавни средства за финансирање луксузен начин на живот во европската земја. Неговиот имот во Франција оттогаш е запленет.

Организацијата „Транспаренси Интернешнел“ ја вбројува Екваторска Гвинеја меѓу најкорумпираните држави во светот, додека Светската банка известува дека повеќе од половина од населението живее во сиромаштија.

Политичката опозиција во Екваторска Гвинеја речиси и да не се толерира и е сериозно попречена од недостатокот на слободни медиуми, бидејќи сите радиодифузни медиуми се или директно во сопственост на владата или под контрола на нејзини сојузници.

„Нека има поголем простор за слобода и достоинството на човечката личност секогаш да биде заштитено“, рече папата.

Лав периодов стана актуелен поради неговите изјави дека светот го уништуваат неколку тирани. Говорејќи за време на обиколка на регион погоден од смртоносна бунтовничка активност во Камерун, папата ги осуди оние кои, според него, го злоупотребуваат „самото име на Бог“ за сопствени цели.

Папата Лав: Светот го уништуваат неколкумина тирани

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот