Папата одлучи Ватикан да ѝ врати на Грција украдени делови од Партенон

Атина Грција Акропол
Атинскиот Акропол / Фото: EPA-EFE/GEORGE VITSARAS

Папата Франциск одлучи да и врати на Грција три дела од античкиот храм Партенон над Атина, стари 2.500 години, кои уште од 19 век се наоѓаат во папските збирки во ватиканските музеи.

Украдените старогрчки артефакти папата официјално ќе му ги „донира“ на поглаварот на Грчката православна црква, Јероним Втори, како гест на екуменски дијалог со Римокатоличката црква, соопшти Ватикан.

На Грција ќе ѝ бидат вратени дел од главата на коњот што ја влече колата на божицата Атина на западната страна на познатиот храм на Акропол, како и скулптури – глава на момче и човек со брада.

Засега не е познато како ќе постапи атинскиот архиепископ Јероним со скулптурите, односно дали тие ќе бидат изложени во некој од грчките музеи.

За време на неговата посета на Грција лани, папата Франциск на средба со грчкиот архиепископ им се извини на Грците за постапките на католиците низ историјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот