Папата Франциск одбележува 10 години на позицијата со миса и подкаст

Папата Франциск / Фото EPA-EFE/VATICAN MEDIA

Папата Франциск денеска одбележува 10 години како поглавар на Римокатоличката црква, одржувајќи миса со кардиналите во капелата на ватиканскиот хотел Санта Марта, пренесува „Ројтерс“.

Франциск (86), роден во Аргентина, стана првиот латиноамерикански папа во 2013 година, наследувајќи го Бенедикт Шеснаесетти, кој стана првиот папа во шест века кој предвреме се повлече од позицијата.

„Се чини како вчера да ми беше прв ден“, рече тој во поткастот на „Ватикан Њуз“. „Времето лета. Кога ќе се соберете денес, веќе е утре“.

Постојаните болки во коленото го принуди Франциск наизменично да ги менува помагалата при движењето, но од Ватикан велат дека неговата здравствена состојба е добра.

„Не ја водите црквата со колено, туку со глава“, наводно му рекол тој на помошникот откако почнал повремено да користи инвалидска количка во јавност минатиот мај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот