Пановски: Ако починала жена од коронавирус во јануари, тогаш ќе ја смениме светската историја!

Микробиологот, професорот Никола Пановски, за Слободен печат вели дека жив вирус во телото не може да остане и да предизвика болест. Меѓутоа, во кадаверот може да има останато РНК, односно дел од вирусот и тоа со денови и години.

Во трахеата на починатата 79 годишна жена од Велес, чие тело во распаѓање било предадено на обдукција, бил пронајден коронавирус. Меѓутоа, тоа не значи дека жената починала во јануари како што објавија некои медиуми, а по што се извлекоа заклучоци дека коронавирусот постоел во Македонија уште од декември.

Кога точно настапила смртта, ќе се знае откако ќе бидат готови резултатите од обдукциоскиот наод следната недела. Засега е сигурно само дека жената била почината подолго од една недела, тврдат од Министерството за здравство.

Во Институтот за јавно здравје уште еднаш се анализира материјалот земен од трахеата, за да се потврди позитивниот резултат на коронавирусот. Во истрагата за овој случај се вклучуваат експерти од судска медицина, МАНУ и тимот епидемиолози од Институтот за јавно здравје.

За случајот ќе биде известена и Светската здравствена организација која доколку има потреба ќе се вклучи со поддршка. Соседите на жената која почината била најдена во стан во Велес заедно со нејзиниот син, тврделе дека не ги сретнале своите соседи од декември.

Микробиологот, професорот Никола Пановски, за Слободен печат вели дека жив вирус во телото не може да остане и да предизвика болест. Меѓутоа, во кадаверот може да има останато РНК, односно дел од вирусот и тоа со денови и години.

Меѓутоа, професорот додава и дека, како што постојат лажно негативни резултати, така постојат и лажно позитивни резултати за коронавирусот и дека во случајот тој се сомнева токму на такво сценарио.

-Ако е точно дека жената починала на 6 јануари, тогаш е прашање дали сме ние први или Кина е прва. Па да е тоа вистина, дека ние имаме во јануари прв смртен случај во Европа, досега ќе долетаа од сите земји со специјални авиони. Кривично дело е на пример, некому да му е утврдена СИДА со само еден тест. Потребни се барем уште неколку тестови за тоа да се потврди стопроцентно. Така требало и во овој случај, да потврдат прво, со сигурност. Ако е така, ако сме имале прв смртен случај од коронавирус уште во јануари, тогаш каде се починатите од тогаш до денеска? Статистички, за таа жена да почине од коронавирус, требало да има барем стотина луѓе болни уште во јануари. Ако е ова точно, ќе ја смени историјата на светот и ќе значи дека Македонија имала три месеци смртни случаи, па после почнала Кина, Италија. Па зарем е тоа можно? Најверојатно се работи за лажно позитивен резултат. Да пресметаме статистички, од тие 37.000 регистрирани како грип, само 2.000 да биле од ковид, би требало да има 100 починати до моментот на почнувањето на епидемијата кај нас. Јас во тоа не верувам, ни рече професор Пановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот