Пандев: Натпреварот против Холандија е мој последен во дресот на Македонија!

Фото: ФФМ

Утре од 18.00 часот македонската А репрезентација ќе го одигра својот трет и последен натпревар на Европското првенство, во Амстердам ќе ги одмери силите против Холандија во рамките од групата „Ц“.

Нашите најдобри фудбалери ги загубија шансите за учество во осминафиналето после поразите од Австрија и Украина, а Холандија која веќе е во нокаут-фазата за нас ќе биде последна шанса да освоиме бодови.

На тоа се надева и најискусниот во редовите на Игор Ангеловски, капитенот Горан Пандев кој воедно најави дека утре ќе го игра последниот натпревар во дресот на македонската А репрезентација.

– Да, одлучив дека утрешниот натпревар ќе биде последен во дресот на македонската репрезентација.  Мислам дека ова е прав момент да се повлечам. Им посакувам на соиграчите пласман на Мундијалот во Катар. Среќен сум што сум дел од оваа репрезентација која испиша историја. Ова ќе биде посебен меч за мене, среќен што ќе се простувам на едно големо натпреварување, а подобро простување не можев да посакам, на „Јохан Кројф“ Арената против Холандија. Да се игра на 38 години на два фронта е преголем товар и ова е дефинитивно крај на мојата репрезентативна кариера. Има емоции, но знам како да се носам со нив. Едвај го чекаме натпреварот против Холандија во обид да направиме позитивен резултат – се зборовите на Пандев.

Во досегашните меѓусебни дуели Пандев има два голови против Холанѓаните.

– Можеби ќе стартува со истата формација од второто полувреме со Украина. Како и да е, конечната одлука ќе ја донесам после тренинг сесијата – се зборовите на Ангеловски на uefa.com

ФОТО: Димитриевски во тимот на колото на ЕП заедно со Роналдо и Гризман

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот