ФОТО: Димитриевски во тимот на колото на ЕП заедно со Роналдо и Гризман

epa09279754 Goalkeeper Stole Dimitrievski (2-L) of North Macedonia in action during the UEFA EURO 2020 group C preliminary round soccer match between Ukraine and North Macedonia in Bucharest, Romania, 17 June 2021. EPA-EFE/Vadim Ghirda / POOL (RESTRICTIONS: For editorial news reporting purposes only. Images must appear as still images and must not emulate match action video footage. Photographs published in online publications shall have an interval of at least 20 seconds between the posting.)

По завршувањето на второто коло на Европското првенство, признание доби македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски.

Нашиот чувар на мрежата во изборот на „Софаскор“ се најде во тимот на колото, а во истиот се наоѓаат големи познати фудбалски имиња, како Кристијано Роналдо, Антоан Гризман, Кевин Де Брујн…

Нашиот чувар на мрежата иако во првите два меча на ЕП прими пет голови, има и доста одбранети удари, на дуелот против Украинците успеа да запре удар од белата точка.

Статистички Димитриевски има досега најмногу одбранети удари во шампионатот, вкупно 11.

Во формација 4-4-2 Димитриевски има оценка 8,6, а во одбраната се Л. Шо (Англија), Г. Џикија (Русија), Г. Хенли (Шкотска) и М. Лустиг (Шведска).

Потоа, во средниот ред се Р. Госенс (Германија), М. Локатели (Италија), К. Де Брујн (Белгија) и Г. Бејл (Велс), а во нападот К. Роналдо (Португалија) и А. Гризман (Франција).

Знаете ли зошто УЕФА го нарече Пандев „центурион“ и го вброи меѓу десетте најдобри на „Евро 2020“

Видео на денот