Пандев: Елмас е лидерот во репрезентацијата!

фото/фејсбук

После репрезентативните обврски во квалификациите за пласман на Европското првенство 2020 година, играчите се насочија повторно кон клупските обврски.

Помеѓу нив се и двајцата наши репрезентативци кои настапуваат во Италија, Елиф Елмас во дресот на Наполи и Горан Пандев во екипата на Џенова.

Еден од нашите најискусни фудбалери Пандев за италијанските медиуми уште еднаш потврди дека Елмас е голем фудбалски талент од кој се очекуваат големи работи во иднина.

– Елмас? Тој е многу силно момче со голем карактер, а тоа го покажува во Наполи и во репрезентацијата. Тој е лидер во селекцијата на Македонија, човек кој сака да победува и прави големи нешта. Дефинитивно Наполи направи прав потег што го доведе во своите редови. Елиф е среќен во клубот и се надевам дека наскоро ќе освои трофеј со Наполи – рече Пандев за „Калчомеркато“.

Елмас постигна два гола во победата над Словенија (2:1), а настапи и во Варшава против Полска. Изминатиот период се шпекулира дека три европски гиганти се наоѓаат во трка за нашиот интернационалец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот