„Калчомеркато“: Три европски гиганти за потписот на Елмас!

facebook.com/SSCNapoli/

Како што пренесува италијанскиот „Калчомеркато“, три европски фудбалски гиганти се во редот за македонскиот 20-годишен „Дијамант“ Елиф Елмас.

Нашиот играч блесна во евроквалификациската победа од 2:1 во Скопје со двата гола против словенечката селекција, што секако не само за нас, тоа е и добра вест за тренерот на Наполи, Карло Анчелоти со цел да се одржи добрата форма пред продолжението од сезоната на клупски план.

Тој е во Варшава каде што денеска од 20.45 часот ќе има нов настап во квалификациите за ЕП 2020 против селекцијата на Полска.

Во меѓувреме, според „Калчоемеркато“ кој исто така информира за одличните перформанси на Елмас во последниот репрезентативен настап.

Во Серија А има пет настапи против Бреша, Лече, Сампдорија, Јувентус и Фиорентина, а беше и стартер во дуелот од Лигата на шампионите против белгискиот Генк.

Селекторот Игор Ангеловски имаше повторно со голем број на пофалби за Елмас, среќен што ја има привилегијата заедно со Анчелоти да се тренира еден таков талентиран фудбалер кој може да игра на различни позиции.

Дојде летово во Наполи со ко има договор до 30 јуни 2024 година, со моментална вредност од 17 милиони евра според „Трансфермаркт“. Како што пренесува „Калчомеркато“, во блиска иднина екипи како Реал Мадрид, Барселона и ПСЖ би можеле да се најдат во трката за потписот на Елмас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот