Ангеловски: Јас и Анчелоти сме среќни што тренираме фудбалер како Елмас!

Фото: facebook.com/igor.angelovski

Нашите најдобри фудбалери се подготвуваат за уште поголем предизвик в недела во Варшава против Полска во рамките од осмото квалификациско коло за пласман на Европското првенство.

Селекторот Игор Ангеловски до последен момент ќе знае со кои ќе настапи од првата минута, а кои ќе чекаат шанса од резервната клупа.

Шансите за пласман на континенталниот собир остануваат после трите важни бода во Скопје против Словенија. Еден од најзаслужните за големата победа беше фудбалерот на Наполи, Елиф Елмас кој беше двоен стрелец (2:1).

Ангеловски одново со низа пофалби за нашиот талентиран фудбалер во едно кратко интервју за италијанските медиуми.

фото: ФФМ

– Атмосферата во репрезентацијата е одлична, во соблекувалната и во јавноста. За првпат во нашата историја имаме убава шанса да се пласираме на Европско првенство. Дефинитивно Елиф Елмас може да биде нашиот „екстра“ играч и многу сум среќен што имам таков фудбалер во составот. Да, во полската селекција има двајца фудбалери кои се тимски колеги на Елмас во Наполи, Милик и Зиелински. И покрај критиките, тие се двајца одлични играчи. Ми помага Елмас со додатни информации да се подготвам што подобро за неделниот меч – рече Ангеловски.

Во дресот на македонската репрезентација Елмас асистира и реализира голови, а во Наполи кај тренерот Карло Анчелоти игра во средниот ред, а еве како тоа го коментира нашиот селектор:

– Тоа е одлука на Анчелоти и јас ја почитувам. Мислам дека и тој и јас сме среќни што тренираме таков фудбалер како Елмас кој може да игра на повеќе позиции. Наполи го има еден од најдобрите тренери во светот кој ќе знае како да го врати клубот на врвот. Што се однесува до Горан Пандев, тој е најдобриот фудбалер во нашата историја и дефинитивно неговиот придонес во и надвор од теренот е многу важен за сите нас, уште повеќе за младите, нивни идол. Многу сум горд што соработувам со него – додаде Ангеловски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот