Ристовски: Зошто да не одиграме уште еден историски меч?

ffm.mk

Десниот бек Стефан Ристовски ги изнесе очекувањата за неделната пресметка против Полска. Одбранбениот играч на нашата репрезентација долго време беше повреден и не знаеше како неговото тело ќе реагира во новите квалификациски дуели за ЕП 2020 година.

Но, кога виде 20.000 илјади публика на Националната арена „Тодор Проески“ на натпреварот против Словенија, остави сè на страна.

– Македонија е тука каде што е. Свесно или несвесно се доведовме во една ваква ситуација. Полска има сериозен кадар, но не видов искрено дека квалитативно се којнае колку разлика од нас. На овој прекрасен стадион ќе одиграат добро, ќе одиграме и ние. Свесни сме, но можеби и не сме за ситуацијата дека се бориме за ЕП. Мораме да влеземе со „ладни глави“ и психички сме каде што треба да бидеме. Зошто утре да не биде уште еден историски натпревар за нас? Уште подобро ќе се чувствуваме играјќи пред толку публика. Доколку сакаме на Европско првенство, мора да се навикнеме на ваква атмосфера, мора таа да е секојдневие, како што се подготвува да биде тука во Варшавa – рече македонскиот репрезентативец Ристовски.

Иван Тричковски заедно со Аријан Адеми се под знак прашалник за настап во утрешниот натпревар, откако првиот се пожали на повреда на задната ложа, а вториот доби тежок удар на натпреварот со Словенија.

Натпреварот Полска-Македонија се игра во недела во Варшава со почеток од 20:45 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот