Пандемијата ги раздели: Кортни Кокс не го видела својот вереник повеќе од 200 дена

Фото: Инстаграм

Кортни Кокс и Џони МекДејд се во врска од 2013 година, а парот е разделен од март годинава поради пандемијата на коронавирусот.

Актерката Кортни Кокс не го видела својот свршеник Џони МекДејд повеќе од 200 дена откако пандемијата на коронавирусите ги раздели. Sвездата на серијата „Пријатели“ и членот на групата „Сноу Патрол“ не се виделе од месец март, оваа година.

Фото: Инстаграм

Џони реши да се врати во родната Велика Британија само еден ден пред Калифорнија да прогласи карантин, вклучително и забрана за патување кон и од земјата. И покрај фактот дека не се виделе толку долго, Кортни истакна дека не е премногу осамена без свршеник.

Фото: Профимедиа

„Најпрво бев загрижена за тоа што ќе правам сама. Почнав многу да готвам и уживав во тоа, а сега и се усовршував . Сепак, неделите се различни без него и многу ми недостасува“, изјави Кокс во едно интервју, додавајќи дека времето го поминувала со нејзините пријатели. Таа призна дека без пријателите нема да можела толку лесно да го издржи карантин.

Актерката живее со својата ќерка Коко (16), која ја доби со нејзиниот поранешен сопруг Дејвид Аркет.

Фото:Инстаграм

Кортни и Џони се заедно од 2013 година, а се запознаа преку заеднички пријател, пејачот Ед Ширан. Музичарот и пејачката живееја заедно некое време во Лос Анџелес, а Кортни тогаш им беше чест гостин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот