Памела Андерсон ќе глуми во третиот дел на филмот „Јужен ветар“
Холивудската актерка Памела Андерсон (55) ќе глуми во третиот дел од филмот „Јужен ветар“, дознава српски „Курир“.
View this post on Instagram
Дејствието на новиот филм ги носи главните ликови надвор од Белград и Србија во авантури кои ќе доведат до преиспитување на меѓусебните односи, но и до ситуации во кои можноста за преживување и исходот ќе бидат неизвесни.
Доаѓањето на Памела, како ѕвезда во третиот дел, не е изненадување за луѓето од филмскиот бизнис, бидејќи таа ги има истите агенти како и нејзините колеги, холивудските актери Ерик Робертс и Вилијам Болдвин. Тие ја снимија втората сезона од серијата.
За ангажман на светските ѕвезди, како што дознава српски „Курир“, потребно е да се издвојат меѓу 50.000 и еден милион евра.
View this post on Instagram
Авторите на популарната франшиза сѐ уште не сакаат да ги откријат деталите од третиот дел. Инаку, главен актер во „Јужен ветар“ е познатиот српски актер Милош Биковиќ, кој го отелотворува ликот Петар Мараш.
– Точно е дека во филмот ќе има и една голема ѕвезда. Не сакаме да го објавиме нејзиното име додека не почне снимањето – изјавила кратко за „Курир“ продуцентката Татјана Жежељ Гојковиќ.
Третиот дел од „Јужен ветар“ ќе биде спремен за киносалите во 2024 година.
ВИДЕО | Објавен долгоочекуваниот трејлер за втората сезона на „Јужни ветар“
Џони Деп и Милош Биковиќ рамо до рамо во новото продолжение на „Јужни ветар“?
ВИДЕО | Наскоро првиот филм во вселената, српскиот актер Биковиќ меѓу главните улоги