Џони Деп и Милош Биковиќ рамо до рамо во новото продолжение на „Јужни ветар“?

џони деп
Џони Деп и Милош Биковиќ / Фото: EPA-EFE/Принтскрин Инстаграм

Познатиот холивудски актер Џони Деп наводно ќе се приклучи на српскиот акционен трилер „Јужни ветар“ во режија на Милош Аврамовиќ.

Како што пренесуваат српските медиуми, преговорите за ангажманот на Деп започнале уште во октомври, за време на неговиот престој во Белград.

„Џони ги запозна актерите и режисерот кога минатиот октомври во Србија го промовираше анимираниот филм „Пафини“, кој беше снимен кај нас. Тогаш Биковиќ и Аврамовиќ му кажале дека би сакале да го видат во продолжението на „Јужен ветер“. Деп одговорил дека е многу заинтересиран, но дека прво мора да провери кога и дали има слободни термини за снимање“, открил добро информиран извор, додавајќи дека после тоа продуцентите уште еднаш стапиле во контакт со актерот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miloš Biković (@bikovic)

„Деп го потврди ангажманот преку телефон, а остана само да се стави сè на хартија и да се потпише. Очекуваме наскоро сè да биде официјално. Во план е Џони да ја игра улогата на нарко дилер кој има развиено зделки низ целиот свет, па ќе биде поврзан со Мараш и Бача“, открил изворот.

џони деп
Џони Деп / Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Главниот херој на „Јужен ветер“, Милош Биковиќ, никогаш не криел дека би сакал да соработува со познатиот актер.

„Деп е одлично момче, имагинативен е и има прекрасни улоги. Би сакал да го видам во продолжението на „Јужен ветер“, тој може да си избере улога. Сите освен Петар Мараш. Би сакал да играм со него. Кастингот е отворен, па ако Деп го помине, ќе биде примен“, во една прилика изјави актерот.

Покрај Биковиќ и Деп, во третиот дел од српскиот мега хит во режија на Милош Аврамовиќ ќе играат и Миодраг Радоњиќ, Мики Манојловиќ, Јована Стојиљковиќ и Александар Берчек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот