Памела Андерсон: Јас и Томи постојано имавме секс, но најсензуалното искуство го имав со еден 80-годишен маж

Памела Андерсон и Томи Ли / Фото: Profimedia

Американската актерка Памела Андерсон отсекогаш отворено зборувала за нејзиниот сексуален живот со поранешниот партнер Томи Ли, но неодамна откри дека „најсензуалното искуство“ ѝ бил танц со еден повозрасен господин, пишува „Дејли мејл“.

Андерсон, која важи за најголемиот секс-симбол од деведесеттите години, моментално е актуелна поради нејзините мемоари „Love, Pamela“, во кои детално го раскажува нејзиниот турбулентен живот и споделува досега непознати детали. Еден од оние моменти, кои детално ги опишува во книгата, е и тангото со еден 80-годишен господин, поради кој останала „без здив“.

Актерката пишува дека тој нежен, а истовремено силен начин на кој танцувала со мажот ѝ било „најсензуалното искуство кое некогаш го доживеала“. Танцот се случил за време на едно нејзино патување во Буенос Аирес, Аргентина, кога била во нејзините дваесетти години. Чувството дека ја води вистински маж ѝ било нешто што не го почувствувала сè до тој момент.

Памела Андерсон во серијата „Baywatch“ / Фото: Collection ChristopheL / AFP / Profimedia

„Тоа ме промени и никогаш не го заборавив тој момент“, пишува Андерсон во нејзината книга, за која тврди дека самата ја напишала.

Ѕвездата од „Baywatch“ стапила во брак дури петпати, а во книгата го опишува и ужасното сексуално злоставување кое го претрпела како дете. Токму тоа трауматично искуство влијаело на нејзината перцепција за љубовните врски подоцна во животот.

Па, така, во книгата пишува дека поради сексуалната злоупотреба верувала дека мора да биде заљубена во некого за да има секс со него, што потоа довело до избрзаните бракови.

Пет бракови

Андерсон и музичарот Томи Ли се запознале на новогодишната забава на преминот од 1994 кон 1995 година. Нивниот прв романтичен состанок бил доволен за да сфатат дека се еден за друг – за само 96 часа, тие стапиле во брак во Канкун, Мексико. Пред да се разведат во 1998 година, тие добија два сина – 26-годишниот Брендон Томас Ли и 25-годишниот Дилан Џегер Ли.

Потоа, актерката се омажи за Кид Рок во 2006 година, но нивниот брак траеше само четири месеци. Следно, таа стапи во брак Рик Саламон двапати – во 2007 и 2014 година. Андерсон се омажи за филмскиот продуцент Џон Питерс во 2020 година, но тој брак траеше помалку од две недели, а во декември истата година се омажи за Ден Хејхерст. Како и сите претходни врски, така и оваа ѝ заврши релативно бргу – по само една година.

Памела Андерсон и Томи Ли на Канскиот филмски фестивал во 1995 година / Фото: ANGELI-RINDOFF-GARCIA / Bestimage / Profimedia

Актерката признава дека Томи Ли е единствениот човек во кој вистински била вљубена, а признава и дека нивниот сексуален живот бил неверојатен. Дури и кога била хоспитализирана поради пукната циста на јајниците, Андерсон и Ли воделе љубов додека таа била во болница.

Кратко по венчавката, Андерсон и Ли се вселиле заедно. За време на медениот месец, тие решиле да снимат секс-снимка, која требало да биде само за нив двајца. Но, неколку месеци подоцна, снимката завршила во погрешни раце, а скандалозната вест била објавена во сите естрадни медиуми ширум светот.

По нешто повеќе од две децении, Памела Андерсон реши да „преземе контрола врз наративот“ во нејзиниот документарец „Pamela, a love story“, кој почна да се прикажува на филмската платформа Нетфликс на 31 јануари.

Главната причина поради која актерката решила да го сними документарниот филм е бидејќи ѝ е доста од тоа другите да ја раскажуваат нејзината приказна, индиректно алудирајќи на биографскиот филм „Pam & Tommy“, кој ја раскажува приказната за озогласената секс-снимка.

„Ја блокирав таа украдена снимка од мојот живот за да преживеам и сега сѐ се враќа повторно. Јас се чувствувам лошо. Сакам за првпат да преземам контрола врз наративот“, вели Андерсон во најавата за документарецот.

Покрај тоа, главниот фокус на документарецот е нејзиниот пат до успехот во Холивуд, но и за тоа дека никогаш не била доживувана како сериозна актерка. Меѓу другото, Андерсон ќе зборува и за родителството и за двајцата сина кои ги има со Томи Ли.

„Немав чувство дека ме почитуваат. Морав да направам кариера од тоа што ми остана. Но, јас не сум девојка во неволја. Се најдов себеси во луди ситуации и ги преживеав“, вели таа.

На крајот од најавата, легендарната русокоса прашува: „Може ли сите да бидеме херои на сопствените животни приказни?“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот