Пад на вредноста на акциите на „АстраЗенека” поради сомнежи во ефикасноста на вакцината

Трет ден по ред паѓа вредноста на акциите на британската фармацевтска компанија „AстраЗенека” поради сомненијата во ефикасноста на нејзината вакцина против Ковид-19, покажуваат податоците од трговијата на берзите.

Акциите на оваа компанија денеска на пладне загубија уште 0,66 отсто од вредноста и паднаа на 79,47 фунти, а од почетокот на неделата вкупната загуба изнесува 4,4 отсто од нивната вредност.

„АстраЗенека” во понеделникот соопшти дека привремената анализа на клиничките испитувања на вакцината, развиена со научници од Оксфорд, покажала просечна ефикасност од 70 отсто. Според фармацевтската компанија, учесниците добиле две различни дози на вакцината, едната покажува ефикасност од 90 отсто, а другата од 62 отсто.

Блумберг претходно денеска, повикувајќи се на Монсеф Словеј, советник во администрацијата на актуелниот претседател Трамп, изјави дека дозата на вакцината развиена од „АстраЗенека” во соработка со Универзитетот Оксфорд, што покажа голема ефикасност, е тестирана врз волонтери на возраст не поголема од 55 години.

„AstraZeneca Plc”, една од најголемите фармацевтски компании во светот, е создадена во 1999 година со спојување на британската „Zeneca Group Plc” и шведската „Astra AB”.

Компанијата се занимава со развој, производство и продажба на лекови за третман на болести на гастроинтестиналниот тракт, кардиоваскуларни, невролошки и онколошки заболувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот