Пациент со тешка болест доби срце од починат донор, на двајца млади им се трансплантира бубрег

Фото: МЗ

Министерството за здравство соопшти дека рано утрината на Клиниката за кардиохирургија, 46-годишен пациент со тешка срцева болест добил срце од починат донор и нова шанса за живот.

Од Министерството велат дека во моментов, на Клиниката за урологија се прават две трансплантации на бубрег кај млади пациенти со бубрежна слабост кои биле долги години на дијализа.

Дополнително, во наредните недели пациенти со коскени тумори и тешки повреди ќе имаат можност за квалитетно лекување, велат од министерството.

Оттаму упатуваат благодарност до семејството на донорот, до, како што наведуваат, „нејзините три исклучително хумани ќерки кои во моменти на најголема тага одлучија да ги донираат органите и да спасат не еден, туку неколку животи“.

–„Уште еднаш ни покажаа дека хуманоста и добрината се доблести кои треба да ги чуваме и негуваме. Би сакале да се заблагодариме и на уште едно семејство на младо момче кои вчера и покрај својата голема болка, исто така изразија подготвеност да ги донираат органите. Овие две семејства ја ставија емпатијата над сопствената болка и траума и благодарение на нив не еден, туку неколку пациенти добија шанса за нов живот. До колегите лекари од клиниките за КАРИЛ, неврохирургија, кардиохирургија, урологија, нефрологија, кардиологија, трансфузиологија, рендген, ортопедија, како и до болничките координатори и до националниот координатор за трансплантација, кои заедно изминативе 24 часа работеа и се уште работат, им благодарам за сета пожртвуваност која ја покажаа овие два дена. На пациентите кои добија орган им посакуваме побрзо опоравување“, велат од Министерството за здравство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот