Озил со интересна порака по поразот на Французите во финалето на СП

фото: EPA-EFE/ERDEM SAHIN

Аргентина стана светски првак по подоброто изведување на пенали од Франција. Веднаш штом заврши натпреварот се огласи Месут Озил, поранешен германски репрезентативец и светски шампион во 2014 година во Бразил.

Играчот од средниот ред на турскиот Башакшехир, кој им честиташе на Аргентинците за освоената титула, го прокоментира отсуството на Карим Бензема во францускиот состав со порака: „Го нема Бензема, нема забава“.

Зборови на Озил упатени кон селекторот на „триколорите“, Дидие Дешан и на новите светски вицешампиони. Бензема не настапи на Светското првенство бидејќи пред почетокот се здоби со полесна повреда.

Во меѓувреме се опорави, но Дешан не сакаше повторно да го повика. Тоа предизвика и револт кај Бензема, кој нема да соработува со репрезентацијата на Франција доколку Дешан остане селектор.

Со француската селекција Бензема од 2007 година запиша до сега 37 голови во 97 настапи.

Херојот на Аргентина низ солзи: Го остваривме сонот на сите Аргентинци!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот