Херојот на Аргентина низ солзи: Го остваривме сонот на сите Аргентинци!

Фото: EPA-EFE/Georgi Licovski

Голманот на Аргентина, Емилијано Мартинез беше херојот на „гаучосите во спектакуларното финале во Катар кое се решаваше на пенали. Мартинез одбрани еден удар во пенал рулетот, но најдобрата одбрана ја имаше во последните секунди кога одбрани ситуација „еден на еден“ со Коло Муани.

По победата Мартинез не можеше да ги сокрие солзите радосници и остварувањето на сонот на секој Аргентинец.

„Не можам да си поверувам, ова е остварување на сонот. Го остваривме сонот на сите Аргентинци. Не можам да опишам како се чувствувам, никогаш нема да го заборавиме овој ден, ниту јас, ниту моите колеги“, изјави Мартинез.

Во пенал-рулетот останал смирен.

„Останав смирен во пеналите. Трипати ми шутнаа и постигнаа три гола, но на крајот мислам дека работите си дојдоа на своето место“, изјави аргентинскиот голман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот