Озил размислува да стави крај на фудбалската кариера и да стане гејмер

фото: EPA-EFE/Kenan Asyali

Поранешниот германски репрезентативец кој во 2014 година триумфира на Светското првенство, Месут Озил, не е задоволен од статусот во Фенербахче и размислува летово да стави крај на фудбалската кариера и да се посвети на нов предизвик.

Озил минатата година пристигна во Фенербахче на голема врата, но се чини дека не помина се како што очекуваа двете страни. Иако има договор за уште две години со турскиот тим но сака нов предизвик во животот, Озил сака да стане професионален гејмер.

– Мислам дека повеќе нема да игра фудбал. Кога ќе заврши со Фенербајќе, тоа ќе биде крајот за Озил. Почна лесно да влегува во светот на Е-спортот, многу гледаше и играше видео игри. Како што разбирам, тој сака тоа да му биде следниот предизвик во иднина – изјави агентот на Озил, Еркут Согат, додавајќи:

– Тој е многу добар во тоа, игра многу Фортнајт и не треба да се чудите ако наскоро почне професионално да се занимава со тоа. Има свој тим „М10 Еспортс“ во кој има доста добри играчи. Тој дури поседува и гејмерска куќа во Германија, па можете да видите колку го сака Е-спортот
.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот