Овој брз потег по перењето може да спречи создавање мувла во машината
По секој циклус, оставете ја вратата на машината за перење малку отворена за да овозможите циркулација на воздухот низ барабанот и да го намалите задржувањето на влагата.
Препорачано
Мувлата во машината за перење алишта настанува затоа што внатрешноста на апаратот останува влажна долго време, а таквите услови се поволни за раст на мувла. Ако проблемот се игнорира, наслагите можат да го затнат одводот и на крајот да доведат до неправилно функционирање на апаратот.
Експертите од „Санта круз аплајанс рипер“ навеле дека наједноставниот начин да се спречи растот на мувла е да се проветри барабанот по перењето на алиштата.
„Еден од наједноставните начини да се спречи растот на мувла е да се остави вратата на машината малку отворена по секој циклус на перење. Ова овозможува циркулација на воздухот во барабанот и помага да се исуши преостанатата влага“, навеле тие.
Баранот, како и гумениот обрач околу вратата, се особено чувствителни, бидејќи овие места често содржат вода, нечистотија и мувла. Затоа, се препорачува, покрај вратата, повремено да се остава отворена и фиоката за детергент за да се овозможи побрзо испари влагата.
За дополнително одржување, доволно е да ја избришете вратата и гумената обвивка со крпа еднаш неделно. Белиот оцет се издвојува како често користено средство за чистење бидејќи, како што е наведено, поради неговата киселост, помага во отстранувањето на мувлата без поагресивни препарати.
Корисен чекор е да вклучувате празен циклус еднаш месечно на 60 или 90 степени, со неколку лажици бел оцет во фиоката за детергент. Овие навики не траат повеќе од десет минути месечно, а можат да спречат непријатни мириси и акумулација на мувла во машината.


