Овечкин го постигна својот 800. гол во НХЛ лигата и подобри еден рекорд

Алекс Овечкин руши рекорди во НХЛ лигата/ фото: EPA/MARK GOLDMAN

Русинот стана единствениот хокеар во историјата на НХЛ лигата кој успеал да постигне 800 гола за еден клуб

Во натпревар од регуларниот дел од сезоната во хокејарската НХЛ лига, Чикаго блекхокс беше домаќин на Вашингтон капиталс. Средбата се одигра на стадионот Јунајтед Центар и заврши со победа нагости со резултат 7-3.

Рускиот напаѓач на Вашингтон, легендарниот Александар Овечкин (37), постигна хет-трик и сега има постигнато вкупно 800 гола во најсилната хокејарска лига на светот. Русинот стана единствениот хокеар во историјата на НХЛ кој успеал да постигне 800 гола за еден клуб. Овечкин игра во Капиталс од 2005 година.

На второ место во оваа категорија е Горди Хау кој во свое време постигна 786 голови за Детроит. Марио Лемју е трет на оваа листа со 690 гола за Питсбург. Вејн Грецки е четврти со 626 гола за Едмонтон. На петтото место е Џок Сакич, кој за Колорадо постигна 625 гола.

Благодарение на трите гола против Чикаго, Овечкин ја намали негативата во вкупен број постигнати голови (без разлика за колку клубови) во однос на Хау, на еден гол. Хау е втор на таа вечна листа на најдобри стрелци со 801 гол. Канаѓанецот Вејн Грецки води со засега недостижни 894 голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот