Нездрава храна - Фото: pexels-caleboquendo

Оваа храна ги „разорува“ сите главни органи во човечкото тело: Претставува сериозна закана за глобалното здравје

Индустриски преработената или ултра-преработената храна (UPF) ги оштетува сите главни органи во човечкото тело и претставува сериозна закана за глобалното здравје, покажува најголемиот светски преглед на истражувања објавен во списанието „Лансет“.

Ултра-преработената храна, која, според пишувањето на „Гардијан“ сè повеќе ја заменува свежата храна во исхраната на децата и возрасните на сите континенти, е поврзана со зголемен ризик од повеќе здравствени проблеми, вклучувајќи дебелина, дијабетес тип 2, срцеви заболувања и депресија.

Наглиот пораст на консумирање индустриски преработена храна ширум светот е поттикнат од компании кои користат агресивни методи за да ја зголемат продажбата, да манипулираат со научната дебата и да спречат регулација, наведува истражувањето.

Серија од три научни труда укажува дека милиони луѓе сè повеќе консумираат производи како готови јадења, житарици, протеински барови, газирани пијалаци и брза храна. Во САД и Велика Британија, повеќе од половина од просечната исхрана ја сочинуваат ултра-преработени производи, а кај некои луѓе, особено помлади и посиромашни, достигнува и до 80отсто од исхраната. Преглед на 104 долгорочни студии покажа дека 92 од нив бележат зголемен ризик од хронични заболувања и предвремена смрт кај лицата кои консумираат преработена храна.

Еден од авторите на истражувањето, професорот Карло Монтеиро од Универзитетот во Сао Паоло, истакнува дека резултатите ја потврдуваат потребата од итни мерки.

„Првата студија во оваа серија покажува дека високо преработената храна им штети на сите главни органи. Луѓето не се биолошки адаптирани да ја јадат“, истакна Монтеиро.

Производите кои се индустриски произведени, се често со додадени вештачки ароми, емулгатори и бои. Во оваа група спаѓаат газирани пијалаци и пакувани грицки – тие се многу калорични, но сиромашни со хранливи материи, објаснува британскиот весник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот