Оваа група на луѓе е „отпорна на коронавирус“: Научниците утврдија што ги штити од вирусот

Фото: Профимедиа

Шведските научници открија дека дури една третина од луѓето во Европа, полесно ќе се изборат со инфекцијата на коронавирусот, благодарение на специфичниот ген што го имаат, а кој за 20 отсто ја намалува тежината на клиничката слика.

Генот што ја намалува тежината на болеста како последица на коронавирусот е идентификуван, научниците велат дека ќе помогне во правењето нови лекови за третирање на заболените од вирусот кој ја држи планетата во своите канџи веќе две години.

Научниците од Шведска утврдија дека станува збор за ген кој му „кажува“ на телото да создава протеин ефикасен во разорувањето на вирусните честички на SARS-CoV-2, пренесуваат медиумите.

Протеинот OAS-1 варира во должина, а кога е подолг успева подобро да ги разори честичките од вирусот. Генот што ја одредува неговата должина e пронајден во различни проценти кај луѓето со различно потекло.

Истражувачите од Институтот „Каролинска“ во Шведска наведуваат дека овој ген, кој за 20 отсто ја намалува тежината на клиничката слика, го имаат осум од десет луѓе со африканско потекло, а еден од тројца луѓе со европско потекло.

„Разбирањето на начинот на кој генетските ризични фактори влијаат на болеста ќе биде клучно за откривање и произведување на нови лекови“, изјавил д-р Брент Ричарс од Универзитетот „Мекфли“, еден од коавторите на студијата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот