Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Ова се предложените носители на листите на СДСМ (ФОТО)

Редакцијата на „Слободен печат“ дојде до предложената листа на СДСМ, за сите носители на листи и кандидати за претстојните парламентарни избори, за која ќе се гласа на денешниот 24.Конгрес кој се одржува во моментов во хотелот „Александар Палас“.

Во единицата листата ќе ја предводат Никола Димитров и Мила Царовски. Во двојката на чело ќе бидат Оливер Спасовски и Сања Лукаревска.

Листата во изборната единица 3 ќе ја предводат Љупчо Николовски и Јагода Шехпанска, а во изборната единица 4 Зоран Заев и кандидат од коалицијата.

На чело на петката ќе бидат Радмила Шекеринска и Јован Митревски, додека во шестката тоа ќе биде Билал Касами од колициониот партнер Беса, како и Фаница Николовска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот